Првиот противник на Македонија на ЕП во Хрватска, Словенија успеа да ја совлада репрезентацијата на Србија со 36:32 на подготвителниот меч во Мурска Собота.
Тимот на Веселин Вујовиќ немаше голема разлика во текот на целиот меч, но Словенија се одвои во второто полувреме и на крајот стигна до одлична победа. Србија и Словенија ќе одиграат уште еден меч во среда во 18 часот во Велење.
Јанц беше најефикасен кај Словенеците со осум гола, Благотиншек и Маргуч имаа по пет, а на голот Скок имаше 9 одбрани. За Србите, најефикасен беше Ѓорѓиќ со пет гола.