Top Sport

Прашање е дали ќе се игра ЕУРО 2020

Голем број на национални фудбалски сојузи од УЕФА побарале да биде одложено Европското првенство во фудбал, објави „Тутоспорт“. Како што се наведува поради епидемијата на коронавирусот националните сојузи имаат проблеми со распоредот. Голем број на натпреварите ширум Европа се играат пред празни трибини.

Во моментов најтешка е ситуацијата во Италија, каде на 12 јуни треба да се одигра првиот меч на ЕУРО 2020.

„Националните сојузи вршат притисок врз УЕФА. Целта им е успешно да ги завршат своите шампионати. Притисокот се зголемува, а идејата ЕП да биде одложени сериозно се разгледува во УЕФА“, пишува „Тутоспорт“.

Истиот извор не наведува каков е ставот на УЕФА во врска со баражите за пласман на ЕП. Македонија во плејофот на 26 март треба да игра со Косово.

ЕУРО 2020 треба да се одржи во 12 европски држави од 12 јуни до 12 јули.

Scroll to Top