Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, негира дека има било какви долгови кон компанијата „Ингра“ и дека натпреварите во Ц-групата, а потоа и завршницата на Европското првенство ќе се игра во загрепската „Арена“.
„Се е платено, не постојат никакви долгови. Купите билети за натпреварите во Сплит и во Загреб бидејќи Хрватска ќе игра во финалето“.
Вечера, Игор Опенхајм, претседателот на „Ингра“ вели дека се приморани да ги „затворат вратите“ на спортската арена бидејќи градот Загреб и хрватската Влада со месеци не плаќаат кирија за спортското здание, и бидејќи се работи за седум години, долгот порасанал на 2 милиони евра.
Закупнината за „Арената“, која во која се играа натпреварите на Светското првенство во 2009 година заеднички ја плаќаат градот Загреб и хрватската влада.
„Не верувам дека сите проблеми ќе го стават под знак прашалник одигрувањето на натпреварите во ’Арена’. Изненаден сум, а која е заднината, навистина не знам. Тешко ми е воопшто да разберам дека вакво нешто е можно да се случи на два-три дена до почетокот на првенството. Мораме да почекаме, а потоа ќе коментираме“, рекол претседателот на Ракометниот сојуз на Хрватска, Томислав Граховац.
Во првата фаза на ЕП, во Загреб ќе играат Макеоднија, Германија, Словенија и Црна Гора во Ц-групата.
Сабота, во првото коло ќе играат Црна Гора-Германија (17:30 ч) и Македонија-Словенија (19:30 ч).
Закана од инвеститорите: Нема да има ракомет во загрепската „Арена“