Откажани се бројни натпреварувања, под знак прашање е доведена Олимпијадата во Токио, истото се однесува и за ЕУРО2020. Сето тоа поради ширењето на коронавирусот.
Серија А е прекината, Бундеслигата ќе се игра пред празни трибини, а одложен е и прв меч во Премиерлигата, вечерашниот меѓу Манчестер Сити и Арсенал.
На само 30 километри од местото каде требаше да се одржи овој дуел, на „Енфилд“ во Ливерпул, вечерва „црвените“ пред полн стадион ќе го играат реваншот осминафинален дуел со Атлетико Мадрид.
Легендарниот англиски напаѓач Гери Линекер вечерва ќе биде на трибините, а тој на Твитер го кажа својот став за целата ситуација.
Manchester City v Arsenal is postponed. Off to Liverpool but can’t help feeling like it’s the beginning of the end of the football season. Despite the words of the late Bill Shankly, football is not more serious than life and death.
— Gary Lineker (@GaryLineker) March 11, 2020
„Сити и Арсенал е одложено. На пат сум кон Ливерпул, но не може да се избегне фактот дека ова е крајот на фудбалската сезона. Фудбалот не е сериозен како прашањето на живот и смрт“ – напиша Линекер.
Вчера се појави информации дека се разгледува прекинување на Лигата на шампиони и Лига Европа.