Од минута во минута стигнуваат се поалармантни информации поврзани со спортисти заразени со коронавирусот.
Тренерот на премиерлигашот Лестер Сити, Брендан Роџерс објави дека три играчи на екипата се во самоизолација поради страв од зараза од коронавирусот, откако било утврдено дека имаат такви симптоми.
„Некои играчи покажаа симптоми и знаци на зараза од коронавирусот. Ги следевме сите процедури и ги одвоивме од останатите поради претпазливост“ – рече Роџерс, но не именуваше за кои играчи станува збор.
„Лисиците“ во сабота треба да одиграат меч против екипата на Вотфорд, но по се изгледа до тој меч нема да дојде.
„Би било штета мечот да се одложи, но здравјето на луѓето е најважно“ – додаде Роџерс.
Three Leicester City players are self-isolating after showing symptoms of coronavirus.https://t.co/ix1UVk4rk4 #LCFC pic.twitter.com/G3BIocqtYR
— BBC Sport (@BBCSport) March 12, 2020
Brendan Rodgers: "We've had a few players that have shown symptoms and signs (of coronavirus). We’ve followed procedures and (as a precaution) they have been kept away from the squad." pic.twitter.com/KZDXeRgzhT
— Leicester City (@LCFC) March 12, 2020