Поради пандемијата со коронавирусот Фудбалскиот сојуз на Германија сериозно размислува да ја прекине сезоната 2019/2020.
„Мораме да ги разгледаме сите опции и да бидеме подготвени и соочени со фактот дека сезоната ќе биде прекината или и завршена доколку не најдеме можност да бидат одиграни сите натпревари. Целта секако ќе остане иста, да ја завршиме сезоната. Сепак главниот збор ќе го имаат здравствените власти. Тие мора да донесат јасни и обврзувачки одлуки“, рекол генералниот секретар на Сојузот, Фридрих Кертис.
Постои веројатност дека сите спортски настани во Германија ќе бидат суспендирани во наредните денови.
Извесно е дека Будеслигата ќе биде прекината, а многу веројатно и прекината по одигранте 26 рунда која на програмата е викендов.
Доколку сезоната биде прекината нема да биде прогласен шампионот.
Инаку Баерн се први со 55 поени, четири повеќе од Борусија Дортмунд и пет од Лајпциг.