Top Sport

Норвешка го одложи баражот со Србија

Полу-финалниот бараж во Ц-сегментот во Лигата на нации помеѓу Норвешка и Србија кој на програмата е на 26 март во Осло нема да биде одигран во терминот одреден од УЕФА. Поради коронавирусот одлуката дуелто да не биде одигран ја донесе владата на Норвешка.

„Поради зголемувањето ан бројот на заразени со вирусот во оваа земја (регистрирани 777 лица, од кои 148 синоќа), владата на Норвешка ги забрани сите спортски активности до 15 април. Ова значи дека Норвешка нема да може да го организира дуелот со Србија. Дуелот нема да може да се игра ниту без публика како што до пред три дена планираа Норвежаните“, пишува српскиот спортски весник „Спортски журнал“.

Истиот извор наведува дека единствено во белград би можел натпреварот да се одигра во предвидениот термин, но таа варијанта ја отфрла како малку веројатна.

УЕФА на состанок во вторник ќе донесе одлуки околу сите натпреварувања што се во нејзина организација.

За потсетување, баражот од Д-сегментот во Лигата на нации помеѓу Македонија и Косово на 26 март ќе се игра без публика.

Scroll to Top