Top Sport

Барса добива големо засилување во нападот

Првиот напаѓач на Барселона Луис Суарез поради повреда не е во тимот уште од јануари, кога Барса загуби од Атлетико Мадрид во полу-финалето на шпанскиот Суперкуп.

Уругваецот во меѓувреме го оперираше повреденото колено, а според прогнозите сезоната за него е завршена.

Сепак фотографиите од вчерашниот тренинг на Барселона откриваат дека Суарез тренира со соиграчите.

„Мундо Депортиво“ тврди дека во Барселона не сакале да откријат дека Суарез ќе биде подготвен да му помогне на тимот во финишот на сезоната. Неофицијално тој би можел наредниот месец да го заземе своето место во врвот на нападот.

Scroll to Top