Дефанзивецот на Валенсија, Езекиел Гарај е првиот фудбалер од Ла лига со позитивен тест на корона вирусот, потврди самиот Аргентинец преку Инстаграм.
Гарај не играше во мечевите од осминафиналето од Лигата на шампионите против Аталанта поради повреда, а сега на Инстаграм потврди дека имал позитивен тест на КОВИД-19.
„Имав позитивен тест на корона вирусот. Во моментов се чувствувам одлично и сè што можам да направам е да ги слушам здравствените власти. Сега, морам да сум во изолација“, објави Гарај.