Тренерот на Интер, Антонио Конте имаше видео-обраќање преку социјалните мрежи порачувајќи им на Италијанците да останат дома и да ги почитуваат правилата по вонредната состојба во државата поради корона вирусот.
Италија има над 21 илјади заразени од вирусот и дури 1.400 мртви, предизвикувајќи стопирање на сите спортски активности, вклучувајќи ја и Серија А до 3 април.
„Ве молам останете дома и почитувајте ги правилата. Тоа е единствен начин да се соочиме со оваа итна ситуација. Ова е тежок момент за сите нас, но ако останеме заедно ќе го надминеме. Не се предавајте“, вели Конте.
Самиот Конте е во изолација, заедно со целиот тим на Интер откако беа во контакт со дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, кој беше позитивен на корона вирусот. Оттогаш уште неколку фудбалери во Серија А беа позитивни на вирусот.
? | MESSAGE
Coach Conte's message: we will get through this by staying united, #TogetherAsATeam ?⚫?⚫?
The biggest battles are won together. You can make a donation here ? https://t.co/VV0lYco83Y pic.twitter.com/yPCB98LYXI
— Inter (@Inter_en) March 14, 2020