Возачот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен заврши само на 11. место во „Ол-стар еспортс битката“, електронската трка која требаше да ја пополни празнината по откажувањето на неделното Австралиско ГП во Формула 1.
Трката од 12 круга околу виртуелната верзија на Нирбургринг, германската патека која веќе не е на Ф1 календарот, му припадна на Словенецот Јернеј Симончич и според очекувањата во неа доминираа професионалните гејмери.
Организаторите склопија тим на вистински возачи заедно со најдобрите возачи на симулатори со награден фонд од 10.000 долари, од кои 4.000 отидоа кај победникот. Второто место го освои Кевин Сиги (Мекларен шедоу), додека трет беше Руди ван Бурен, победникот на светскиот шампионат во 2017 кој како награда доби улога на официјален возач на симулаторот на Мекларен.
Шведскиот возач во Индикар серијата, Феликс Росенквист беше најдобар од вистинските возачи на седмото место, додека Американецот Колтон Херта (исто така Индикар) беше 10. Ферстапен ја имаше освоено пол-позицијата и победи во една од трите квалификациски трки, но беше само деветти на стартот на финалето, извртувајќи се на првата кривина.
Покрај нив во трката учествуваа и победникот на Индијанаполис 500, Симон Пажено и поранешните Ф1 возачи Хуан Пабло Монтоја и Рубенс Барикело.
If the information on @esportsearnings is complete: https://t.co/gesGMgQWZq
Then #TheRace winner Jernej Simoncic of Slovenia has just DOUBLED his career earnings in one afternoon. https://t.co/qmaGvhzDit
— RJオコンネル (@rjoconnell) March 15, 2020