Поранешната најдобра скијачка на светот, Американката Линдзи Вон реши на необичен начин да се „изолира“ од корона вирусот – со посета на плажата.
„Отидов на работа, работата е откажана. За среќа, сонцето никогаш не се откажува. Сега назад во самоизолација. Останете безбедни“, напиша Вон на Инстаграм.
35-годишната Американка се пензионираше минатиот февруари како една од двете скијачки во историјата со четири титули од Светскиот куп, со осум титули во спуст и со рекордни 82 победи од Светскиот куп.