Top Sport

Ферари ги затворија фабриките, но шампионот Мерцедес нема такви планови

Иако вчера Ферари одлучија да ги затворат своите фабрики во Маранело и во Модена, стопирајќи го развојот на Ф1 болидот и производството на уличните автомобили, шампионите Мерцедес ќе продолжат со работа во своите две фабрики во Велика Британија и покрај корона вирусот.

Мерцедес и Рено во понеделникот потврдија дека персоналот кој патувал во Австралија за откажаната прва трка од сезоната почнале со 14-дневната изолација по враќањето во Европа, Мерцедес ќе продолжат со работата во фабриките во Брекли (каде што се развива шасијата) и во Бриксворт (каде што се развива моторот) додека има услови за тоа.

„Нашите фабрики остануваат отворени, според советот на британската влада. Немаме позитивни случаи во двете фабрики, додека тимот кој патуваше во Австралија ќе биде во изолација 14 дена да се избегне опасност од инфекција“ , вели портпаролот на тимот.

Формула 1 сезоната би започнала најрано на крајот на мај, по откажувањето на трките во Австралија, Бахреин, Кина и Виетнам, но останува неизвесно дали ќе може да се трка и во Холандија и во Шпанија.

Scroll to Top