Жорж Жесус, тренерот на актуелниот првак на Јужна Америка, Фламего, бил позитивен на тестот за коронавирусот, потврди неговиот клуб.
„Точно е дека сум позитивен на тестот, но се чувствувам нормално, немам никакви симптоми. Се е исто како и во претходните денови, месеци, години…Сепак ќе бидам во карантин една или две недели“, напишал на „Инстаграм“ познатиот тренер.
Поради коронавирусот првенството на Бразил беше прекинато во понеделникот, откако играчите и клубовите го искажаа своето незадоволство.
Бразилците играа минатиот викенд, а во знак на протест играчите на Гремио на теренот излегоа со заштитни маски.