Top Sport

ЕП ќе се игра наредното лето

Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (УЕФА) на денешниот состанок преку видео врска со 55 земји-членки донесе одлука да го одложи Европското првенство за наредната година.

УЕФА се реши на ваков чекор за да им даде простор на националните Сојузи да ги завршат првенствата. Континенталниот шампионат ќе одржи во 2021 година.

Попладнево е решено ЕУРО 2021 да се игра од 11 јуни до 11 јули наредната година.

Scroll to Top