Пандемијата која ја предизвика коронавирусот ја натера УЕФА да го одложи Европското првенство. На денешниот состанок на Извршниот одбор беше решено Европското првенство да се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година. УЕФА донесе ваква одлука за да им овозможи на националните Сојузи да ги завршат своите првенства, особено тоа се однесува на петте најсилни првенства во Европа.
Кога ќе продолжат националните првенства допрва ќе биде утврдено, а тоа ќе зависи како ќе се одвива кризата со коронавирусот.
Планот на УЕФА е фудбал да се игра во летниот период, што значи дека отпаѓа варијантата во Лигата на шампионите и Лига Европа да се играат Фајнал-фоур турнири.
Планот на УЕФА е финалето во Лигата на шампионите, во Истанбул, да се одигра на 30 јуни.