Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Јапонија, Козо Ташима (62) е инфициран со коронавирусот.
„Ги добив резултатите од тестот кои потврдуваат дека сум позитивен на новата инфекција на коронавирусот“ рече Ташима, кој е поранешен јапонски фудбалски репрезентативец.
Тој на 3-ти овој месец присуствувал на конгресот на УЕФА во Амстердам.
„Во Амстердам и во Европа на почетокот на месецов опасноста од вирусот не беа толку големи, како сега. Сите се поздравуваа со ракување, со гушкање и бакнежи“ – рече Ташима.
За потсетување на истиот конгрес беше и делегација на ФФМ, предводена од претседателот Сејдини, а на конгресот со коронавирусот заразен беше и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза.