Поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони донираше 10 милиони евра на регионот Ломбардија за креирање на 400 нови привремени единици за интензивна помош по пандемијата на корона вирус во северна Италија.
Досега, над 2.100 луѓе починаа од корона вирусот, од кои дури 1.420 во Ломбардија, каде што имаат голем проблем со сместувањето на болните.
Иста сума донираа и од семејството Ањели, сопствениците на Јувентус и на Ферари, донираа 10 милиони евра на локалницте власти во областа Пиемонт, а исто така купија 150 респиратори. Ова е покрај иницијативата за собирање на пари преку Јувентус.