Изјавата на поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал дека Лионел Меси од него побарал да не праќа видеа додека се опоравуваше од операцијата на црниот дроб, била погрешно пренесена, вели Французинот.
Абидал од 2011 до 2013 година имаше проблеми со туморот на црниот дроб, по што беше на низа операции, а во интервју тој изјави дека Меси му кажал дека неговиот изглед само ја нарушува атмосферата во клубот. Абидал сега преку „Твитер“ дообјасни дека имал огромна поддршка од сите играчи на Барса, вклучувајќи го Меси.
„Кога им праќав такви пораки, Меси никогаш не ми кажа да престанам да ги праќам. Само мислеше дека не му е мило да ме гледа таков, а со тоа не сакаше да каже ништо лошо“, објасни Абидал.
Aclaración:Cuando envié el vídeo para animar al equipo leo messi nunca me dijo que no les enviara más cosas así ni que no quisiera saber nada. Leo me dijo que no les gustaba verme así, pero en ningún momento ha tenido malas palabras para mi. ????@elchiringuitotv @jpedrerol
— Eric Abidal (@EAbidalOfficial) January 11, 2018
Абидал: Меси ми кажа да не праќам видеа, бидејќи штетат на тимот