Претседателот на Здружението на фудбалските менаџери (ДФВВ) Грегор Рафтер рекол дека кризата предизвикана од коронавирусот ќе има големо влијание врз трансферите и обесштетувањата што ќе ги нудат клубовите на пазарот на фудбалери.
„Колку подолго трае паузата, веројатноста дека ќе се намалат сумите е поголема бидејќи тоа е првата работа на која клубовите ќе се обидат да заштедат“, рекол Рајтер.
Првиот голем трансфер, кој може да биде намален од моменталната ситуација е оној на Каи Хаверц. Проценките се дека тој вреди околу 100 милиони евра. Интерес за 20 годишникот покажуваат Ливерпул и Баерн Минхен.
Неодамна и тренерот на Леверкузен Петер Бос потврдил дека Хаверц ќе го напушти клубот за „обесштетување од најмалку 100 милиони евра“.
Сепак со оглед на моменталната ситуација, кога фудбалските клубови трпат серизни финансиски загуби, прашање е дали некој е подготвен да ја плати споменатата сума.