Top Sport

Србија, Чешка, Полска и Литванија без квалификации ќе одат во Токио

Поради коронавирусот голема е веројатноста да не се одржат кошаркарските квалификации за пласман на Олимписките игри во Токио.

Четири квалификациски турнири се закажани за јуни (23 до 28 јуни) во Канада, Србија, Хрватска и Литванија.

Доколку не се одржат тогаш ФИБА учесниците ќе ги одреди според пласманот на последното Светско првенство.

Според ова сценарио во Токио би играле репрезентациите на Србија, Чешка, Полска и Литванија. Пласман на Игрите покрај домаќинот Јапонија веќе изборија САД, Австралија, Нигерија, Аргентина, Иран. Шпанија и Франција.

Ваквата одлука би ги погодила Италија, Бразил, Хрватска, Словенија, Грција, Турција, Русија селекции што имаа квалитет преку квалификациите да извадат виза за Токио.

Олимписките игри во Токио на програмата се од 25 јули до 9 август.

Scroll to Top