Поради коронавирусот откажан е почетокот на сезоната во Формула 1. „Кориере дело Спорт“ пишува дека првата стартот на првенството би требало да се случи во Монте Карло.
Челниците на Формула 1, во четврток, ќе разговараат со претставниците на сите тимови. Единствени теми на разговорот ќе биде почетокот на сезоната и дали откажаните трки ќе добијат нови датуми или тие воопшто нема да се возат.
Досега се откажани трките во Австралија, Бахреин, Вијетнам и Кина, што значи дека прва во календарот е Големата награда на Холандија (1 до 3 мај), а потоа на програмата е Големата нагрда на Шпанија.
Според планот на Формула 1 и овие две трки ќе бидат откажани, а дилемата била дали сезоната да започне на култната патека во Монте Карло (22 до 24 мај) или во Баку со Големата награда на Азербејџан (5 до 7 јуни).