Тимот на ЖРК Вардар отпатува за Норвешка, каде што во сабота ги очекува нов дуел од Лигата на шампиони против тимот на Ларвик.
Вардарки повторно се фаворити во својата група во ловот за титулата која недостасува во колекцијата, и против Ларвик ќе одат на трета победа во исто толку меча на стартот на сезоната.