Top Sport

МЗТ-Цибона за само 100 денари

Македонскиот шампион МЗТ Скопје објави дека почна продажбата на билетите за дуелот во АБА-лигата против Цибона, кој ќе се одржи во понеделник во 21 часот во СЦ „Јане Сандански“.

По неверојатната победа над Игокеа, и по победата во првиот домашен меч против Партизан, „металците“ ќе се обидат да земат уште еден „скалп“ на фаворитите во понеделник. Цената на билетите е само 100 денари, а освен пред „Јане Сандански“ билетите можат да се набават и преку линкот http://ticketplus.mk/.

Scroll to Top