По победата против екипата на Бурса, во заостанатиот меч од Суперлигата на Турција, тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман порача дека се надева на прекин на шампионатот поради коронавирусот.
Ефес е повторно на чело на табелата во Турција (имаат скор 21-2).
„Тешко е да играш во ваква атмосфера, сите мои играчи се луѓе, а никој не мислеше за победа или пораз. Им честитам на играчите од двата тима за професионализмот. Се надевам дека нашите институции ќе донесат одлука шампионатот да биде одложен поради здравјето на играчите“ – рече Атаман.
Тој покажа колку е загрижен поради пандемијата од опасниот вирус.
„Јас сум тренер на првопласираната екипа во Суперлигата (Турција) и во Евролигата, најголеми кандидати сме за титулите, но не ги сакам титулите, се што сакаме е да ја надминеме пандемијата која му е заканува на човештвото“ – порача Атаман.
Инаку во Турција бројката на новозаразени е околу 100, иако минатата недела немаше ниту еден.