Камбекот на Флојд Мејведер во боксерскиот ринг, или во УФЦ кафезот, станува невозможен по двете семејни трагедии кои му се случија на почетокот на 2020 година, тврдат извори блиски до боксерот.
Поранешната девојка на Мејведер, Џоди Херис, со која има три деца, беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил минатата недела, а неговиот чичко и тренер последните 12 години, Роџер Мејведер почина во средата на 58 годишна возраст.
Непоразениот боксер најавуваше „реприза“ на дуелот со Конор Мекгрегор, но и меч со Хабиб Нурмагомедов, но сега се верува дека тие идеи се напуштени.
„Мојот чичко беше еден од најважните луѓе во мојот живот во рингот и надвор од него. За жал, неговото здравје не беше најдобро последните години и сега може конечно да почива во мир. Ми помага само мислата дека помогна на толку многу луѓе преку неговиот живот во боксот“, објави Мејведер.