Top Sport

Коронавирус во Бостон, Лејкерс, Филаделфија

НБА франшизите Филалдефија ’76, Лос Анџелес Лејкерс и Бостон Селтикс објавија дека нивни членови се заразени со коронавирусот.

Овие франшизи извршиле тестирање на коронавирусот кај кошаркарите, тренерите и клупскиот персонал.

Тројца се заразени во Филалделфија. Франшизата објави дека заразените се во самоизолација и под лекарски надзор.

Лејкерси објавија дека заразени се двајца играчи без да ги објават нивните имиња, додека во Бостон позитивен на вирусот бил Маркус Смарт.

Претходно и Денвер Нагетс објавија дека еден член на франшизата е заразен со вирусот КОВИД-19.

Scroll to Top