Top Sport

Атлетико подготвиле нов договор за Томас Парти

Челниците на Атлетико Мадрид подготвиле нов договор за репрезентативецот на Гана Томас Парти. Клубот од „Ванда Метрополитано“ на овој начин ќе реагира по шпекулациите дека Арсенал и Ливерпул биле сериозно заинтересирани за Парти.

Томас Парти еден од најстандардните играчи во формацијата на Диего Симеоне има договор со Атлетико до 2023 година и откупна клаузула од 50 милиони евра.

Специјализираниот фудбалски портал „Гол“ објави дека Атлетико ќе му понудат значително зголемување на платата. доколку потпише нов договор Парти ќе има откупна клаузула од 100 милиони евра.

Парти е дел од првиот тим на Атлетико од 2015 година, претходно играл за вториот тим на „јорганџиите“, а по една сезона како позајмен играч минал во Мајорка и Алмерија.

Scroll to Top