Французинот со камерунско потекло, Френсис Нгану за една недела ќе се обиде да стане првиот ММА борач со африканско потекло кој стигнал до титула во УФЦ откако ќе го предизвика Американецот Стипе Миочиќ на УФЦ220 во Бостон.
„Предаторот“ неочекувано е фаворит во првиот меч за титулата, откако шокантно го „уништи“ Алистер Оверим, меч со кој си направи „име“ во ММА. Тој веќе работи активно на подготовките во својот центар „ММА фектори“ во Париз, каде што само пред пет години почна да тренира.
Откако Миочиќ ја обвини УФЦ дека го фаворизира Нгану, тој има јасна порака.
„Видов дека некој е исплашен и дека некој ќе падне на 20 јануари. Нормално е што е исплашен, но тоа нема да ги смени работите, јас сум веќе шампион. Тој беше шампион само бидејќи ме немаше мене. Мислам дека ќе биде нокаут пред крајот на втората рунда“, вели Нгану.