Top Sport

Марадона: Севилја се луди што го ангажираа Монтела

Диего Марадона вели дека Севилја направиле неверојатна грешка откако го отпуштија Едуардо Берисо и на негово место го ангажираа поранешниот тренер на Милан, Винченцо Монтела.

Монтела дебитираше во Ла лига со 5:3 пораз од градските ривали Реал Бетис на „Рамон Санчез Писхуан“ во саботата. Аргентинецот Берисо, кој неодамна беше на операција за ракот на простатата, беше отпуштен по просечниот старт на сезоната, додека Монтела пак, ја загуби работата во Милан по шест порази во првите 13 меча од Серија А.

Марадона, кој при крајот на кариерата играше за Севилја, вели дека главен виновник е спортскиот директор на Севилја, Оскар Ариас.

„Лудо е што Монтела го замени Берисо. Посебно откако беше шутнат по лошата работа со Милан. Има илјадници тренери кои би биле подобри. Бизнисменот не може да го контролира фудбалот, а Берисо мора да биде поддржан. Ова мора да се смени“, напиша Марадона на Инстаграм.

Scroll to Top