Top Sport

Сопругата на Тијаго Силва тврди: Избегавме поради безбедноста на семејството

Изабел Силва, сопругата на капитенот на Пари Сен-Жермен, Тијаго Силва открива дека „избегале“ од Париз поради заштита на нивното семејство. Тијаго Силва и Нејмар предизвикаа контроверзи во Франција, откако си заминаа во Бразил и покрај препораките на клубот да останат во Париз.

Во Франција има стриктни ограничувања на движењето, и граѓаните треба да имаат документ за било какво излегување од својот дом по речиси 11.000 позитивни случаи на корона вирусот. Тијаго и Изабел заедно со двата сина Исаго и Јаго, затоа се вратиле дома.

„Ситуацијата во Париз е навистина тажна. Франција е втората најпогодена земја од епидемијата и ситуацијата беше толку тешка што сакавме да се заштитиме во најдобри услови. Во Париз, супермаркетите се празнат бргу и секоја врата на продавница беше ризик за контаминација за мене и моето семејство. Во Бразил можам да најдам храна во супермаркетите и имаме повеќе опции да останеме дома со децата. Никој од моето семејство нема симптоми на вирусот, но ќе ги следиме препораките на властите“, напиша Изабел Тијаго на Инстаграм.

Според францускиот „РМЦ“, ПСЖ им препорачал на своите фудбалери да останат во Франција, најмногу поради стравувањето дека кога во Европа ќе се надмине најголемата опасност, другите делови од планетата како Бразил ќе бидат најпогодени. Досега во Бразил има само 650 позитивни случаи.

Scroll to Top