Top Sport

Мајката на Игуаин е сериозно болна

Мајката на напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин е во сериозна состојба, што било главна причина тој да се врати во Аргентина оваа недела јавува аргентинското издание на „Си-Ен-Ен“.

Игуаин, заедно со сонародникот Родриго Бентанкур си замина од Торино пред неколку дена, по што во италијанските медиуми се тврдеше дека тие „избегале“ од корона вирусот. На крајот, ова се покажа како лажна вест, бидејќи двајцата добиле дозвола од клубот да отпатуваат.

Според „Си-Ен-Ен Аргентина“, неговата мајка Ненси Закаријас е во сериозна здравствена состојба, иако не се открива дали таа го има корона вирусот. Во Аргентина досега имаше околу 650 случаи на корона вирусот.

Игуаин секогаш бил многу приврзан до својата мајка, и пред две години призна дека бил блиску до пензионирање кога таа се разболела.

Игуаин и Бентакур од Јуве „избегаа“ од карантин!

 

Игуаин: Кога се разболе мајка ми сакав да се повлечам

Scroll to Top