Најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар вели дека сака да му помогне на својот млад колега од Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе (инаку вториот најскап играч во историјата) да стане фудбалска ѕвезда, слично како што Лионел Меси го научил него додека играше во Барселона.
Нејмар вели дека мора да му помогне на „пријателот“, тинејџерот Мбапе, откако двајцата постигнаа по еден гол при 4:0 победата на ПСЖ на гостувањето кај Андерлехт. Со осмиот гол во ЛШ, Мбапе стана најдобриот стрелец меѓу тинејџерите во историјата на ЛШ, а ПСЖ има 11 победи во 12 меча во француската лига и во ЛШ.
„Би сакал да делувам со Мбапе како што Меси работеше со мене. Сакам да му помогнам. Тој ми е добар пријател“, изјави Нејмар за бразилските медиуми.
Ова е целосна спротивност од односите на Нејмар со уште еден колега, Единсон Кавани, со кого неодамна имаше вистинска расправија и драма околу тоа кој ќе изведува пенал.