Иако целиот европски фудбал е ставен во мирување, овој викенд стартуваше Белорускиот шампионат, бидејќи таму сметаат дека нема опасност од корона вирусот.
Хрватскиот фудбалер на Динамо Минск, Карло Бручиќ вели дека добил совет од претседателот на клубот, Јури Чиж за зачувување на здравјето во овие вонредни услови. Се верува дека Чиж е најбогатиот човек во Белорусија преку неговата градежна компанија „Трипл“. Тој е близок соработник на претседателот на државата, Александер Лукашенко.
„Луѓето тука не се плашат. Има 69 заразени и ситуацијата е стабилна, а на натпреварите имаше по неколку илјади луѓе. Претседателот ни кажа да испиеме по некоја чашка вотка секој ден и дека тоа ќе помогне во борбата со короната. Не верувам дека ќе го откажат шампионатот“, вели Бручиќ за „РТЛ“.