Доколку Паоло Дибала, минатото лето, ја прифател понудата на Манчестер Јунајтед, денс Ромелу Лукаку ќе бил член на Јувентус. Белгиецот е фудбалер на Интер, а самиот открил дека имал понуда од Јувентус.
„Денес Лукаку е играч на Интер само поради тоа што Дибала не се пресели во Манчестер Јунајтед. Ромелу сакаше да ја напушти Премиер лигата и да се пресели во клуб каде што ќе чувствува дека го сакаат“, рекол менаџерот на Лукаку, Федерико Пасторело.
„Знаеме дека многумина ќе се израдуваа на неговиот трансфер во Јувентус, но по доаѓањето на Антонио Конте во Интер работите се сменија. Чувствуваше дека луѓето од клубот го сакаат“.
Лукаку оваа сезона на 35 натпревари постигнал 23 гола и забележал пет асистенции.