Флојд Мејведер јуниор е човек кој сака да предизвика внимание, а последното видео од него на тренинзи ги зголеми шпекулациите дека тој се подготвува за нов боксерски меч.
Оваа година Мејведер се врати во рингот за да боксува со УФЦ-ѕвездата Конор Мекгрегор, во меч кој многумина го нарекоа „циркус“, но за кој Американецот доби околу 300 милиони долари, или 10 милиони долари по минута помината во рингот.
Мејведер по ова рече дека се повлекува од спортот со непоразен скор од 50-0, израмнувајќи се со легендарниот Роки Марчано, но прашање е дали уште еден ваков чек би го убедил повторно да ги стави ракавиците.