Top Sport

Артета прави чистка во Арсенал

Откако го победи коронавирусот тренерот на Арсенал Микел Артета подготвува чистка во тимот. Според англиските медиуми за петмина нема да има место наредната сезона во Арсенал.

Кога Артета во декември минатата година ја прифати понудата од Арсенал еден од неговите услови бил самостојно да одлучува за трансфер-политиката.

Тренерот на „топџиите“ подготвува реконструкција, дури петмина од одбраната ќе добијат дозвола да си заминат.

Шкодран Мустафи, Сократис Папастадопулос, Сеад Колашинац, Крис Холднг и Калум Чемберс наредната сезона нема да го носат дресот на Арсенал.

Изненадување е што на овој список го нема Давид Луиз, но според медиумите Артета решил да му пружи уште една шанса.

Исто така Артета решил позајмените играчи Мохамед Елнени и Хенрик Мхитаријан да не се враќаат во Лондон. Елнени сезонава игра во Бешикташ, а Михотаријан во Рома.

Scroll to Top