Периодот кога фудбал не се игра поради коронавирусот клубовите го користат за планирање на летниот преоден рок. Лацио гледа подалеку се обидува најдобрите свои играчи да ги задржи на подолг период.
Првиот човек на Лацио Клаудио Лотито им понудил нови договори на голманот Томас Стракоша и напаѓачот Чиро Имобиле.
Италијанскиот новинар Николо Скиро тврди дека Стракоша ќе добие договор до 2025 година, а Имобиле до 2024 година.
Стракоша сезонава на 26 натпревари примил само 23 гола, додека Имобиле со 27 гола е најдобриот стрелец не само во Серија А туку во цела Европа.