Top Sport

Барса и Сити во „војна“ за играч на Вилјареал

Барселона и Манчестер сити го следат централниот дефанзивец на Вилјареал Пау Торес. Тренерите на овие тимови Кике Сетиен и Пеп Гвардиола биле уверени дека 22 годишниот фудбалер со своите карактеристики совршено се вклопува во нивните филозофии.

Пау Торес сезонава има одиграно 24 натпревари во Ла Лига, за Шпанија дебитираше против Малта, во победата 7:0 постигна еден гол.

Според „Транфермаркт“ неговата вредност изнесува 20 милиони евра. Јасно е дека Вилјареал нема да го пушти за оваа сума, особено поради неговата откупна клаузула која изнесува 50 милиони евра.

Инаку доколку не го реализира трансферот на Торес Барселона во план ги има Давид Алаба од Баерн и Луис Фелипе од Лацио.

Scroll to Top