Атмосферата, нормално, беше вжештена, но на крајот без поголеми инциденти, домаќинот Хрватска стигна до првата победа на ЕП во ракомет, откако во „жешкиот“ Сплит со 32:22 (14:9) ја совлада Србија, покажувајќи дека е еден од фаворитите за медал.
Пред мечот, дел од навивачите на Хајдук, популарната Торцида направи неколку помали инциденти, а полицијата јави дека има и уапсени. Мечот започна со жестоко свиркање на српската химна од публиката во Сплит, што секако е некоректен потег од навивачите, а неочекувано свирежи доби и Домагој Дувњак кој побара коректна реакција од гледачите.
По почетното „одмерување“ на силите, Хрватска предводена со двата гола на Циндриќ поведе со 6:3. До 24. минута, Србите се држеа на гол-два разлика, пред Хрватска повторно да влезе во низа и на полувреме да отиде со 14:9.
Ѕвездата на Вардар, Лука Циндриќ, кој беше прогласен за најдобар хрватски ракометар продолжи да погодува и во второто полувреме, а уште еден Лука, Степанчиќ има шест гола во низа за Хрватите да поведат со 17:11. По ова, до крајот на натпреварот, Хрватска го зголемуваше водството, доминирајќи во играта за убедлив старт на шампионатот.
Единствен лош момент за Хрватска беше повредата на повратникот на теренот, Домагој Дувњак, кој замина од теренот во 57. минута од мечот.
Најефикасни кај домаќините беа Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек со по 6 гола, додека четири постигнаа Циндриќ и Златко Хорват. За Србија, повторно најдобар беше Петар Ненадиќ со шест гола, а Немања Зеленовиќ имаше пет.
Luka Stepancic , one of the best players of this game, aimed 6 times in to the goal, and so he scored 6 times in a row. ?? @hrs.chf vs ?? @rssrbije #CROSRB #hypnoticgame #ehfeuro2018 pic.twitter.com/5htvO8Chcn
— EHF EURO (@EHFEURO) January 12, 2018
Did you guess the 6 and 13 goal of this game? During the game between @HRStwitt and @rssrbij ?? ?? ?
Have a look to the @grundfos video! #hypnoticgame #ehfeuro2018 #CROSRB pic.twitter.com/KlYvIzoTUq— EHF EURO (@EHFEURO) January 12, 2018