Top Sport

Мурињо: Само презир и тишина за Конте

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо сака да ја заврши војната со зборови со менаџерот на Челси, Антонио Конте со изјава во која нуди „презир и тишина“.

Двајцата се вклучени во остра размена на зборови во последните недели, а Италијанецот посебно беше погоден од изјавата на Португалецот дека тој „барем не бил суспендиран за местење мечеви“, откако Конте потсети дека станал „сенилен“ кога ги критикувал „кловновите на клупата“.

Иако Конте доби суспензија од четири меча во 2012 година (додека беше тренер на Јувентус, но казната се однесуваше на времето кога беше тренер на Сиена), таа беше за тоа што не ги известил властите за обидите за местење. На крајот тој беше ослободен од обвинувањата во цивилна парница во април 2016. Конте изјави дека „нема да му заборави“ на Мурињо за зборовите.

На прес-конференцијата пред понеделничкиот меч со Стоук, Мурињо беше поинаку расположен.

„Мислам дека кога некој те навредува нормално е да очекуваш одговор. Или можеш да очекуваш презир и тишина. Првпат тој ме навреди и понудив одговор, кој знаев дека ќе го боли. Тогаш тој вторпат ме навреди, но сега ќе го сменам тоа и ќе понудам презир. За мене презирот значи крај на приказната“, вели Мурињо.

Конте: Мурињо е мал човек

Мурињо му врати на Конте: Барем јас не местам мечеви!

Scroll to Top