Top Sport

Мареј признава: Исцрпувачки е да си татко на три мали деца

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј признава дека не е лесно да си татко на три деца под пет години, додавајќи дека секој ден го завршува исцрпен.

32-годишниот Шкотланѓанец открива дека тој е одговорен да ги чува своите две ќерки, четиригодишната Софија и двегодишната Еди, додека неговата сопруга Ким се грижи за синот Теди, кој е роден во октомври минатата година.

„Беше навистина тешко. Поминувам многу време со најстарите две бидејќи мојата сопруга се грижи за бебето. Годините им се одлични, две и четири години и нема застанување. Кога ќе се вратиш дома од тренинг и треба да станеш во 5.30 часот наутро со нив е исцрпувачки“, вели Мареј.

Паузата поради корона вирусот и периодот на опоравување од операцијата на колкот, значи дека Мареј има доволно време да посвети на семејството.

„Одлично е и уживам во тоа што сум постојано дома и што можам да поминам време со најблиските. Со првата ќерка патував многу често и не бев дома, но со втората сум тука и тоа е поубаво. Ќе биде тешко да заминам на тренинзи кога ќе дојде време“, вели Мареј.

Scroll to Top