Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Евертон, Фил Невил ќе стане нов англиски селектор, но на женската репрезентација.
Фудбалската асоцијација (ФА) преговарала со поранешниот англиски репрезентативец за пополнување на испразнетото место по отказот на Марк Семпсон во септември. За Невил, кој имаше 59 настапи за англиската репрезентација, ова ќе биде прва менаџерска позиција во кариерата, откако претходно беше помошник на Дејвид Мојс на „Олд Трафорд“ во 2013 година, и на неговиот брат Гери Невил во Валенсија во 2016 година.
40-годишниот Невил е ценет како стручњак во фудбалот, работејќи како ТВ-коментатор за „Би-би-си“ и „Скај спортс“. Тој претходно одби можност повторно да соработува со Мојс како помошник во тимот на Вест Хем.