Top Sport

Италија ќе има освојувач на скудето оваа сезона

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина потврди дека оваа сезона и покрај пандемијата од корона вирусот и различните идеи за продолжување на фудбалскиот живот, ќе се прогласи италијански шампион.

Гравина вели дека сезоната 2019/20 ќе се комплетира и покрај тоа што повеќе италијански медиуми објавија дека е сосема реално сезоната да биде целосно напуштена.

„Има план, кој ни е прв приоритет. Би сакал сезоната да ја завршиме на теренот, а контактиравме со ФИФА за продолжување на договорите на фудбалерите по 30 јуни. Мораме да најдеме решение, а идеално ќе биде да продолжиме и по 30 јули. Сепак, мораме да ги почитуваме сите политички и научни тврдења. Ако не играме, ќе го зачуваме спортското натпреварување кое се оддржа. Ќе видиме каде ќе заврши скудетото, тоа ќе го одлучи Федералниот совет“, вели Гравина.

Scroll to Top