Top Sport

Дибала за корона вирусот: Едвај дишев!

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала вели дека се чувствува многу подобро по позитивната дијагноза на корона вирусот, но признава дека „едвај дишел“ кога го погодил вирусот од кој страда цела планета.

Дибала се опоравува во својот дом во Торино со партнерката Оријана Сабатини, која исто така беше позитивна, и вели дека не било многу лесно бидејќи имал многу силни симптоми.

„Денеска се чувствувам многу подобро, иако развив силни симптоми. Сега можам да се движам подобро, да одам и да се обидувам да тренирам. Претходно, едвај дишев, по пет минути активност не можев да правам ништо. Ме болеа мускулите. Сега, за среќа, и јас и Оријана сме многу подобри“, вели Дибала.

Scroll to Top