Пандемијата прогласена поради вирусот КОВИД-19 предизвика хаос во светот на спортот. Кога станува збор за фудбалот се уште не е јасно дали ќе продолжат националните шампионати и натпреварите во европските купови. Според некои шпекулации доколку продолжат првенствата најрано би можеле да завршат во јули.
Најавите за вакво сценарио го наметнува прашањето што ќе се случи со преодниот рок, кој регуларно треба да започне на 1 јули. Многу играчи на 30 јуни ќе станат слободни фудбалери
Во ФИФА веќе ја разгледувале опцијата да го продолжат преодниот рок до 31 декември то би значело спојување на летниот и зимскиот трансфер период.