Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија Луис Емрике не ја исклучил можноста во иднина да се врати на „Ноу Камп“. Енрике како тренер на Барселона за три сезони освои девет трофеи, од клубот замина во 2017 година.
„„Мислам дека повторно можам да бидам тренер во сите клубови во кои веќе сум работел. Си ги оставив вратите отворени. Мојот период во Барселона беше преубав, секогаш ќе бидам благодарен. Имав можност толку време да поминам во клуб то ми даде сѐ“, рекол Луис Енрике кој пред да биде тренер осум години го носеше дресот на Барселона.
Луис Енрике пред да стене тренер на Барселона ги предводеше Рома и Селта, по Светското првенство во 2018 година ја презеде репрезентацијата на Шпанија.