Напаѓачот на Наполи, Аркадијуш Милик реши да му помогне на градот во кој израсна, Катовице, откако неговиот ресторан носи храна во болниците во градот како помош во времето на епидемијата со корона вирусот.
Полјакот за разлика од многуте странски фудбалери во Италија, реши да остане во Неапол и најде ваков начин за помош.
„Да го заштитиме здравјето“, пишува на Инстаграм профилот на неговиот ресторан.