Алекс Маркез ја прослави својата прва Мото ГП победа, иако се работеше само за виртуелна трка, откако триумфираше во е-спортс трка со топ 10 возачи помеѓу кои и неговиот постар брат, шесткратниот шампион Марк Маркез.
Поради корона вирусот, и Мото ГП шампионатот не започна според календарот, со што 23-годишниот Мото2 шампион ќе мора да почека пред дебито во Мото ГП како колега на својот постар брат. Првата трка во Катар беше откажана на 8 март, по што беа одложени и трките до 17 мај.
Неделната онлајн трка беше организирана од Мото ГП за фановите да можат да уживаат барем во ваков тип на тркање.
„Секако, пресреќен сум од победата, дури и вака. Се надевам дека и фановите барем малку уживаа во ова“, вели Алекс.
Италијанецот Франческо Бањаја бее втор за Прамак Дукати, а Маверик Вињалес беше трет во трката на виртуелната патека Муџело, каде што се оддржува Италијанското ГП. Марк Маркез беше петти.