Арсенал се заинтересирани во текот на летото да го донесат напаѓачот на Реал Мадрид Лука Јовиќ на „Емирати“ како замена за Пјер-Емерик Обамејанг, кој не ги отфрли шпекулациите дека ќе замине од северен Лондон, тврди британскиот „Дејли мирор“.
Габонецот е поврзуван со спектакуларен трансфер во Манчестер јунајтед, и „топчиите“ очигледно уште сега почнаа да бараат замена.
Јовиќ имаше катастрофална сезона со Реал Мадрид откако беше донесен како големо засилување од Ајнтрахт Франкфурт, а на лошата сезона се надополни и лошиот публицитет кој го доби во Србија поради непочитувањето на карантинот по враќањето од Шпанија, а што доби и кривична пријава.
Зинедин Зидан не го криеше разочарувањето од формата на Србинот, за кој платија 65 милиони евра, така што е можно „кралевите“ да се обидат да вратат дел од вложените пари со продажба.